За Општина Кочани, партијата ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Владко Грозданов, соопшти Митева
На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се избрани уште шест кандидати за градоначалници за претстојните локални избори закажани за 19 октомври.

Ова се имињата за кандидатите за градоначалниците за уште шест општини:
- За Општина Кисела Вода, кандидатка за градоначалничка е Бети Стаменковска-Трајковска,
- За Општина Кочани, партијата ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Владко Грозданов,
- За Општина Старо Нагоричане, кандидат е Мирослав Славковски,
- За Општина Дојран – Илија Тентов,
- За Општина Долнени, кандидат е Сашко Велјановски,
- За Општина Ранковце е Даниел Павловски.
Како што соопшти Марија Митева, членка на Извршниот комитет на партијата, кандидатите се избрани во транспарентен процес, а сите убедливо воделе и на сите внатрепартиски анкети и анализи.
„Секој од нив е чесен, познат и почитуван во средината од која доаѓа и живее. Сите се посветени личности, подготвени да ги застапуваат интересите на секој жител, во секое населено место. Тие се луѓе што имаат енергија и решителност да работат за подобро утре на граѓаните“,
рече Митева.
Посочи дека кандидатите ќе работат во насока да изградат стабилни и силни општини, а воедно и стабилна и силна држава.