„Фирмата го сменила името од ДОО во ДООЕЛ и во 2019 година добила грант од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) од над 1,4 милиони денари. Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25 000 денари. Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 000 денари на кој потоа склучувале анекси“, велат од владејачката партија
Фирмата „Сигмоид“ која ја посочува СДСМ не постои две години туку многу повеќе – велат од ВМРО-ДПМНЕ откако опозицискиот Социјалдемократски сојуз обвини дека фирма со тројца вработени, формирана пред две години, во период од два месеци добила тендери од Владата во вредност од 1,2 милиони евра.
Владејачката партија обвини дека истата фирма од власта на СДСМ и ДУИ добивала тендери и грантови од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

„Фирмата го сменила името од ДОО во ДООЕЛ и во 2019 година добила грант од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) од над 1,4 милиони денари. Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25 000 денари. Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 000 денари на кој потоа склучувале анекси“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат дека фирмата добила тендер од над 120 000 денари од Агенцијата за пошти предводено од СДСМ и ДУИ во 2020 година, од ТИРЗ добила тендер од 720 000 денари во 2021 година, а потоа повторно од Агенција за пошти во 2021 година.
„Од Државниот завод за ревизија во 2022 добила над 600 000 денари, од Агенција за супервизија на осигурување во 2022 година, сè до пред паѓање од власт во 2024 кога со АЕК склучиле два тендери од над 2,3 милиони денари. Еден куп тендери во времето на СДС“,
додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Паријата оцени дека СДСМ не објавило „бомба“ туку петарда која пукнала во рацете на портпаролката Кузеска.
Претходно денеска СДСМ обвини дека фирма со тројца вработени, формирана пред две години, во период од два месеци добила тендери од Владата во вредност од 1,2 милиони евра. Според наводите на опозиционерите, фирмата добивала тендери од Генералниот секретаријат на Владата и од СОЗР.
