Делта-сојот на ковид19 вирусот е веќе присутен во Македонија, сите држави воведуваат поригорозни контроли, само владата на СДСМ кај нас се однесува ноншалантно, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму предлагаат 15 мерки кои ги составила партиската Комисија за здравство и го повикуваа министерот Венко Филипче да се заложи овие предлози да се усвојат. ВМРО-ДПМНЕ предлага:
1. Професионализација на Комисијата за заразни болести;
2. Забрзување на вакцинацијата против ковид-19;
3. Зголемување на контролата на границите;
4. Достапност на тестирање за ковид-19;
5. Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на ковид-19;
6. Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти со ковид-19;
7. Актуализирање и обновување на протоколите за третман на ковид-19;
8. Мапирање на здравствениот персонал;
9. План за пациентите со останати дијагнози;
10. Мапирање на здравствените капацитети;
11. Одредување на болници посветени за Ковид-19;
12. Мапирање на постоечката функционална апаратура;
13. Достапност на соодветен третман за пациенти со ковид19;
14. Достапност на лична заштитна опрема;
15. Постковид-центри за пациенти коишто прележале ковид-19.
„Филипче да не седи со скрстени раце и да ги усвои мерките против делта сојот на ковид-19. Наместо да го преспијат летото и да се разбудат во хаотична и пеколна есен со многу заболени и голем број на смртни случаи, време е за мерки кои ќе го контролираат влезот во државата и ќе го ограничат просторот за ширење. Време е за одговорен пристап“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.