Ако овој капитален здравствен објект беше изграден со веќе одобрени европски пари, целиот источен регион ќе имаше современ здравствен капацитет, велат од опозицијата
Уште еден доказ дека Македонија тоне секој ден, е последниот допис од Европската банка со кој ги информира властите во Македонија дека ги стопира предвидените 14 милиони евра наменети за изградба на штипската клиничка болница, реагираа утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата за ова ја обвинуваат владејачката гарнитура предводена од СДСМ бидејќи, како што велат, камен не е ставен.
„Да биде најпоразително, Европска банка ја констатира неспособноста и неодговорноста на власта на Заев која од 2017 година нема камен на камен ставено. Ако овој капитален здравствен објект беше изграден со веќе одобрени европски пари, целиот источен регион ќе имаше современ здравствен капацитет кој ќе спасуваше животи и ќе овозможеше квалитетна нега на пациентите“,
обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Европа, велат од опозицијата, видела дека власта има капацитет да ги злоупотребува европските средства, па затоа и ги запира парите.