Агендата „Европа дома“, е агенда за надвор од Европска Унија која Заев ја ветуваше. А, Европа не може дома додека криминалец како Заев кој е профитер дури од коронакриза е премиер, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров презентираа Агенда „Европа дома“.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова е уште еден неуспешен документ по „План 3-6-9“, „План 18“ и „Акција 21“.
„Факт е дека ништо суштински не е преземено, а Заев потроши нови четири години тапкање во место. Европа ќе дојде, кога народот за брзо ќе испорача план Заев дома, а потоа одговорноста ќе дојде неминовно“,
велат од опозициската партија.
Агендата „Европа дома“ која ја презентираа Заев и Димитров се состои од реформски активности како на Владата, така и на другите институции, како Собранието, правосудните органи, ДИК, Државната комисија за спречување корупција и други агенции со она што треба да се спроведе целосна европеизација на системот.
