Тие во прилог на соопштението испраќаат и фотографија од медиумска објава од 28 октомври 2021 година со наслов: „Апасиев: Пратениците кои се кандидираа за градоначалници да се поднесат оставки“
По објавувањето на кандидатурата на Амар Мециновиќ за градоначалник на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ јавно го праша лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дали ќе побара од неговиот кандидат, кој е актуелен пратеник во Собранието, да си поднесе оставка од функцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека токму Апасиев во минатото барал од пратеници кои се кандидирале на локалните избори да си дадат оставка од Собранието.
Партијата сега очекува Апасиев да остане доследен на своите ставови и да побара и Мециновиќ да го стори истото.
„Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно?“,
пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие во прилог на соопштението испраќаат и фотографија од медиумска објава од 28 октомври 2021 година со наслов: „Апасиев: Пратениците кои се кандидираа за градоначалници да се поднесат оставки“.

Мециновиќ денеска на прес-конференција, на која беше презентиран како кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, рече дека на овие избори ќе ги активираат работите за кои никој нема храброст и интерес да ги актуализира.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го претстави како најдобриот пратеник од Левица кој за една година мандат се има наметнато како најактивен во Собранието.