Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја. Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството и загрозувањето на националните обележја, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на лидерот на СДСМ дека на состанокот во Берлин ќе се осврне на Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на државата и предложениот амандман во кој пред терминот „македонски јазик и идентитет” се додава „модерен”.
„Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја. Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа. Но има работи кои македонската јавност нема ниту да му заборави, ниту да му ги прости. Откако СДС, на чело со менторот на Филипче, Зоран Заев во чијашто влада беше и самиот Венко, распродаде се што е национално македонско и Македонија ја продаваа како невеста која богато ќе ја омажат, доцна им е за каење и за ископување на гревовите“
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Берлин порача дека на блатерални средби со претставници на социјалдемократските партии во Европа ќе го пренесе ставот на неговата партија во однос на Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на државата и предложениот амандман за „современ“ македонски јазик.
„Денеска на средбите во Берлин ќе ги бранам позициите на Македонија. СДСМ од почетокот силно лобира и се бори амандманот за јазикот и идентитетот да не бидат дел од Извештајот, а во следните две недели ќе дадеме максимални напори да го повториме успехот од претходните години кога ваквите обиди успешно ги сопревме“,
кажа Филипче.