Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара Собрнието итно да се состане и да се расправа за кризната состојба со пожарите. Тие велат дека државата потфрла во справувањето со пожарите и го обвинува премиерот Зоран Заев дека ја напуштил земјата за време на криза.
„Дезертерот Зоран Заев го напушти сопствениот народ. Нема друг случај во Европа каде премиерот дезертирал од својата земја за време на соочување со голема криза. Во текот на вчерашниот ден влезе во земјава, со лаковани кондури и брендирана блуза од 500 евра се сликаше, и потоа ја напушти повторно земјата и го остави народот на цедило. Додека со скапиот државен мерцедес го напушташе Берово, огнот сè уште ја пепелосуваше земјата. Се покажа дека не постои систем за заштита. Додека целиот регион праќаше пожарни и ресурси за справување со пожарите, само Заев ја напушти земјата“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие бараат прекин на одморите на пратениците со цел одржување на итна седница на Собранието на која ќе се расправа за кризната состојба со пожарите.