„Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани“,
реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за аферата „Рекет“.
Бараат истрагата да продолжи и таа да резултира со одговорност за, како што велат – „сите ликови од оваа рекетарска и криминална банда вклучително и функционерите од Владата и СДСМ“.
„Кои се „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и дали не се приведени само заради тоа што се високи функционери во СДСМ и знаат многу информации за криминалите на Заев и на неговите соработници? Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала“,
прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот го нарекоа институционален криминал за кој сметаат дека е невозможно да се спроведе без знаење на премиерот Заев.
Поврзана вест: СДСМ за аферата „Рекет“: Процесот да оди до крај и правдата да биде задоволена