Доколку интересот за вакцинација продолжи со ова темпо, а Заев и Филипче не набават вакцини ќе се соочиме со застој во вакцинацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Непосредно пред есента во која ни се заканува нов бран, велат од партијата, тоа воопшто не ни е потребно и ќе значи здравствени и човечки загуби.
Затоа од партијата прашуваат до каде е набавката на нови вакцини, но и каде заглавија остатокот од купените количини „Фајзер“ и „спутник В“.
„Да не дојде до несакани последици Заев и Филипче да кажат до каде се најавените купени Фајзер и Спутник? Зошто не се стигнати, и кога ќе стигнат? Заев и Филипче да кажат кој е планот на владата за продолжување на вакцинацијата во август и септември? И дали пак планираат да молат за вакцини од соседството?Заев и Филипче да не ја брукаат државата и уште веднаш да пристапат кон обезбедување на дополнителен број на вакцини. Доколку не се способни нека кажат има државата луѓе со капацитет кои можат да помогнат“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
