„Најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот“, велат од владејачката коалиција
Владејачката коалиција ВЛЕН изрази длабоко жалење за вооружениот инцидент во Куманово во кој со прострелни рани се здоби Зекирија Шаини, носител на советничката листа на ДУИ за Општина Липково.

Оттаму апелираа истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на нападот и повикаа вакви случаи да не се злоупотребуваат за политички цели.
„Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот. Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните“,
велат од ВЛЕН.
Претходно денеска, ДУИ го осуди инцидентот, нарекувајќи го варварски чин на насилство нападот на нивниот кандидат за советник и носител на советничката листа за Општина Липково.