Ова, според неа, веројатно е „благодарност“ што Мицкоски ги остави без свои кандидати за градоначланици општините Гостивар, Тетово и Струга
ВЛЕН и Демократската унија за интеграција (ДУИ) отворено соработуваат во три општини, како Чашка, Брвеница и Кичево, веројатно како „благодарност“ што ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски ги оставија без свои кандидати за градоначалници општините Гостивар, Тетово и Струга, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, Јована Мојсоска, пратеничка од Левица и генерален секретар на партијата, правејќи резиме за, како што вели, колегијалноста во владината коалиција за вториот круг на локалните избори што треба да се одржи на 2 ноември.

„ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник на Брвеница. И ВЛЕН исто така вади кандидат во Брвеница и во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник на Кичево. ВЛЕН вади свој кандидат за Кичево. За вториот круг, Биљал Касами јавно ја дава поддршката за ДУИ, додека кичевско ВЛЕН стамежливо вели да се гласа по сопствено убедување“,
вели таа.
Според неа, ова е соодветен резипроцитет на јавната поддршка од Мицкоски што ја добија кандидатите на ВЛЕН.
„Единствена општина каде ВЛЕН не вади кандидат е Чашка. Таму свои кандидати имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Со гласовите на ВЛЕН и ДУИ, уште во првиот круг победи кандидатот на ДУИ. Значи, ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три општини, како Чашка, Брвеница и Кичево“,
пишува Мојсоска.
Тоа, како што додава, веројатно е „благодарност“ што Мицкоски ги остави без свои кандидати за градоначланици општините Гостивар, Тетово и Струга.
