„Овој потег не е само заобиколување на Законот за енергетика, туку и директен удар врз енергетската иднина и безбедност на Република Северна Македонија. Замислете, во земјите од ЕУ граѓаните се исклучуваат од природниот гас и своите гасни бојлери ги заменуваат со топлински пумпи, а кај нас допрва ќе се градела дистрибутивна мрежа на гас“, рече портпаролката на партијата Богданка Кузеска
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска побара итно и неотповикливо откажување од намерата за потпишување на каков било меморандум со компанијата „Казанџи холдинг“ бидејќи сметаат дека власта наместо да спроведе транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, зад затворени врати подготвува нелегален меморандум за соработка.

„Овој потег не е само заобиколување на Законот за енергетика, туку и директен удар врз енергетската иднина и безбедност на Република Северна Македонија. Замислете, во земјите од ЕУ граѓаните се исклучуваат од природниот гас и своите гасни бојлери ги заменуваат со топлински пумпи, а кај нас допрва ќе се градела дистрибутивна мрежа на гас. Сите развиени земји од ЕУ го спроведуваат јасниот план за намалување на употребата на природниот гас во домаќинствата“,
рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, порпаролката на СДСМ.
Таа упати неколку прашања до премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика Сања Божиновска.
Во продолжение ги пренесуваме во целост:
- Зошто се заобиколува членот 94 од Законот за енергетика, кој јасно налага изборот на партнер за изградба на дистрибутивната мрежа да се врши преку транспарентна тендерска постапка?
- Чии интереси ги штити власта кога за стратешки партнер избира компанија што веќе е фатена и откриена за поткуп и сомнителни зделки?
- Дали власта се подготвува за огромна корупција: Ќе соработува со „Казанџи холдинг“ чија фирма ќерка „Акса енерџи“ е обвинета за корупција во Гана?

- Дали овој меморандум е цената што треба да ја платат граѓаните за нечии лични и партиски бизнис интереси?
- Дали имате направено анализа за потребите од електрична енергија, како и од природниот гас, со потребните сценарија како би се реализирана инвестицијата?
- Дали подготвивте Стратегија за развој на енергетиката за следните 20 години, што ви е обврска по Законот за енергетика?
- Што ако граѓаните не сакаат да се приклучат на продорен гас, имајќи в предвид дека сите релевантни анализи покажуваат дека овој енергенс е најскап за користење на граѓаните?
- Што му ветивте зад затворени врати на странскиот инвеститор за да вложи една милијарда евра?
Премиерот Христијан Мицкоски и претседавачот на турската компанија „Казанџи холдинг“, Шабан Џемаил, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се отвора патот за реализација на инвестиција за стратешки енергетски проект во земјава, вреден една милијарда евра.
Као што информира премиерот на денешната прес-конференција, проектот предвидува три главни компоненти, како развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас, како и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас.