Според Државната изборна комисија (ДИК), по обработени 100 отсто од гласовите, Грозданов освои 7 368 гласови, а неговиот противкандидат Венко Крстевски, кој беше в.д. градоначалник и на изборите настапи како независен, доби 5 914 гласови
Кандидидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани, Владко Грозданов, вечерва прогласи победа со 1 400 гласа повеќе од неговиот противкандидат Венко Крстевски.

„Покрај сѐ што се случи во градот, можам да кажам дека Кочани го одбрани своето достоинствено. Покажа дека е за иднина, за мир и просперитет, а не за револуција и омраза. Ова не е моја победа, ова е победа за сите нас. Од утре заедно продолжуваме за повторно раѓање на Кочани“,
кажа Грозданов.
Во своето обраќање посочи дека ќе работи со чист образ од првиот до последниот момент.
„Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија. Време е за неуморна работа, сплотени да го оствариме заслужениот сјај и развој за Кочани“.
рече тој.
Според Државната изборна комисија (ДИК), по обработени 100 отсто од гласовите, Грозданов освои 7 368 гласови, а неговиот противкандидат Венко Крстевски, кој беше в.д. градоначалник и на изборите настапи како независен, доби 5 914 гласови.
Излезеноста во вториот круг во Кочани е 43,01 отсто, а регистрирани се и 697 неважечки ливчиња.
