Измени на Законот за здравствена заштита се потребни и за да продолжат да важат одлуките донесени со Уредби со законска сила
Владата утврди измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита за да продолжат да важат одлуките донесени со Уредби со законска сила (донесени во време на вонредната состојба) и за формирање национална комисија за имунизација.
Во надлежност на оваа Комисија ќе биде предлагањето програмата за имунизација што ја донесува Владата, со план и активности за координација на работата на сите субјекти кои ќе бидат вклучени во дистрибуцијата на вакцини и спроведувањето на имунизацијата.
Исто така, оваа комисија ќе ја следи и вкупната состојба со имунизацијатa, нејзиниот опфат, квалитетот на вакцините и несаканите реакции од вакцините, ќе врши запознавање на здравствените работници и јавноста со потребата и предностите на имунизацијата, и ќе ја следи регулативата во областа на имунизацијата и нејзината имплементација, како и препораките на Светската здравствена организација.
