Со ваквата одлука, како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева, се овозможува координирано дејствување на сите надлежни институции – армијата, полицијата, противпожарните единици, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и локалните самоуправи
Владата на денешната седница донесе одлука со која на целата територија на државата се прогласува кризна состојба во времетраење од 30 дена поради зголемената појава на пожари.

Со ваквата одлука, како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева, се овозможува координирано дејствување на сите надлежни институции – армијата, полицијата, противпожарните единици, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и локалните самоуправи.
„Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички сè со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението. Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици. Дрважата ќе биде таму каде што е најпотребна. Остануваме целосно ангажирани и ќе продолжиме да ги следиме сосотојбите на терен и да реагираме соодветно“,
рече владината портпаролна на денешната прес-конференција.
Митева додаде дека одлуката за прогласување 30-дневна кризна состојба е донесена врз основа на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за кризи поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните.
Во името на Владата, владината портпаролка им се заблагодари на сите пожарникари, припадници на Армијата и полицијата, волонтерите и граѓаните кои изминативе денови ги гаснат пожарите во државата и повика на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани за спречување дополнителни пожари.