Речиси 80 милиони денари се префрлени од Буџетот на Владата на сметката на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа, објави градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, на својот Фејсбук профил.
Општината, како што вели, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.
Градоначалникот на Ресен додаде дека оваа мерка на Владата претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.