Владата планира да донесе уредба со која државата ќе дава пари на медиумите. Ова вечерва во „Отвореното студио“ на ТВ 24 го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Тој негираше дека ваквата одлука ќе значи корупција на медиумите, против која СДСМ како опозиција се бореше против Никола Груевски.
„Размислуваме за уредба со која ќе добиваат финансиска поддршка заради тоа што се една од најпогодените индустрии од последиците од коронавирусот заради тоа што имаат раскинување на голем број на рекламни договори и тоа е светски факт … Размислуваме за поддршка на сите медиуми, не зборуваме за селективно, за рекламни кампањи. Зборуваме за поддршка на работата на медиумите врз основа на одредени јавно и јасни критериуми“,
вели Манчевски.
