Министерот за надврешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дека во јавноста се шпекулира за Теута Арифи и Виктор Димовски како идни амбасадори, рече дека не може да открива имиња
Министерот за надворешни работи Бујар Османи открива дека се избрани шест кандидати за избори, но не и детали, истакнувајќи дека законски се уште не може да зборува за кои лица станува збор.
„Нема да можам да спомнам конкретни имиња. Тоа што можам да го кажам е дека е вистина оти шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња. Според Законот, јас не смеам да ги спомнам тие имиња“,
рече Османи во одговор на новинарско прашање околу тоа дека во јавноста се шпекулира оти меѓу кандидатите за амбасадори се и Теута Арифи и Виктор Димовски.
