Оваа недела македонските граѓани платија три милиони евра повеќе само со покачување на цената на дизелот за 14 денари, посочуваат од СДСМ и додаваат дека се најавува можен дополнителен раст на цените
Цела недела Владата не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата, обвинуваат од СДСМ. Со покачувањето на цените на горивата, сите цени ќе пораснат, се наведува во соопштението од опозициската партија, од каде што додаваат и дека во маркетите веќе се чувствува притисокот.
„Цената на маслото за јадење надмина 100 денари. Дали намерно вака прави владата на Мицкоски за да профитира од високите даноци врз грбот на владата или од неспособност?“
велат од СДСМ.
Од СДСМ посочуваат дека тие веќе предложиле пакет мерки.
„Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за четири денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи. Овие мерки долгорочно ќе ги намалат цените и ќе им помогнат на граѓаните. Владата мора веднаш да ги примени и да не чека. Секој ден граѓаните ги чини скапо“,
порачуваат од СДСМ.

Оваа недела македонските граѓани платија три милиони евра повеќе само со покачување на цената на дизелот за 14 денари, велат од СДСМ и додаваат дека се најавува можен дополнителен раст на цените.
„Ако војната во Иран потрае три месеци, се проценува дека цената на нафтата може да достигне 150-160 долари за барел, што е речиси двојно повеќе од сегашната цена. Доколку владата не примени модел што ќе го запре овој тренд, цените ќе продолжат да растат и потоа нема да има нивно намалување, дури и ако дојде до стабилизација на цената на нафтата“,
се наведува во соопштението.
Владата, како што велат од СДСМ, не се грижи за стандардот на граѓаните – одбива да донесе мерки за намалување на цените, а одбива да ја покачи и минималната плата.
„Работниците се на улица затоа што се борат за корка леб, а власта наместо решенија ги навредува, понижување и омаловажува“,
додаваат од СДСМ.
