Владата се соочи со гласање недоверба откако го протурка законот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години

Владата на Франција, именувана од претседателот Емануел Макрон, со тесно мнозинство ги преживеа гласањата за недоверба.
Имаше поднесено две иницијативи. Едната од центристичките пратеници, и за недоверба гласаа 278 што е помалку за само девет од потребните 287 гласа. Не помина ниту вториот предлог поднесен од екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен.
Ако ѝ се изгласаше недоверба, наведува „Би-би-си“, Макрон ќе требаше да именува нова влада или да распише нови избори.
Предлозите за гласање недоверба дојдоа во период кога државата се соочува со масовни протести поради реформата на пензискиот систем во Франција што предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Законот беше донесен откако премиерката Елизабет Борн минатата недела искористи специјална уставна моќ за да го протурка без гласање во Долниот дом на парламентот.
Макрон инсистираше на оваа промена бидејќи тврди дека стареењето на населението во Франција го отежнува пензискиот фонд.
Протести и судир со полицијата се случија и вечерва откако не успеа изгласувањето гласањето недоверба.

Дел од новинските агенции јавуваат дека на демонстрантите им се придружиле и дел од пратениците кои се против пензиската реформа. Во судирот на незадоволните граѓани и безбедносните служби, пак, биле употребени пендреци и солзавци.