По случајот со голем број затруени жители на Дечани, Владата на Република Косово денеска одржа вондредна седница на која министерот за здравство Арбен Витија реферираше за состојбата и укажа дека примероците земени од дел од затруените ќе бидат испратени на анализа во странска лабораторија, бидејќи Косово не располага со таков капацитет

„Ќе продолжиме да испраќаме лекови по потреба. Направени се дополнителни анализи на водата, но тие пак се негативни. Денеска се земени примероци кои ќе бидат испратени во странство. Во постојан контакт сме со градоначалникот на Дечани, Башким Рамосај. Ситуацијата е помирна. Министерството за здравство ќе остане близу до граѓаните во ова тешко време “
рече Витија
На седницата, министерот за локална самоуправа, Елберт Красниќи, вети дека Владата ќе додели 150 илјади евра за Општина Дечани, за финансирање на проекти за третман и регулирање на системот за водоснабдување.