Стратегијата и инвестирањето во развојот на ромската заедница е во согласност со постигнување на развојните цели на Обединетите нации, велат од Владата
На денешната владина седница усвоена е Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, соопштија од владината прес-служба.
Стратегијата, велат од Владата, е дел од јавните државни политики за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската со сите други етнички заедници.
Како што нагласуваат од Владата, стратегијата и инвестирањето во развојот на ромската заедница имаат долгорочни придобивки и е во согласност со постигнувањето на одржливите развојни цели на ОН.