Акцизата на дизелот е намалена за четири денари по литар, а на безловните бензини од 95 и 98 октани за два денари по литар, што според премиерот драматично ќе се почувстува кај цениите на овие нафтени деривати, во позитивна смисла
Тој, исто така, соопшти дека претпладнево Владата имала долга дискусија и преговори со снабдувачот „ОКТА“, од каде се согласиле својот попуст до трговците со нафтени деривати да го продолжат до крајот на месец април
Како што беше најавено вчера, Владата денеска претпадне одржа итна вонредна седница на која донесе одлуки во врска со амортизирање на цените горивата, кои поради кризата со протокот на енергенси од Блискиот Исток, бележат дисторзии и во нашата државата.

За одлуките на прес-конфренеција информира премиерот Христијан Мицкоски, кој неведе дека се донесени три конкретни мерки во однос на справувањето со кризата. Првата е дека се продолжува намалената стапка на Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 10 проценти за горивата до крајот на кризната состојба, која истекува околу 20 април, а втората одлука, која е новина е да се намалат акцизите на дизелот за четири денари по литар, а безловните бензини од 95 и 98 октани за два денари по литар.
Ова, како што кажа премиерот, драматично ќе се почувствува кај цените на бензините и дизелот.
„Доколку не се случеше ова намалување на акцизата тогаш литар дизел ќе беше отприлика 102 денари, можеби и над 102 денари, така велат нашите калкулации, бидејќи берзата се затвори во четврток поради Велигденските празници и ќе се рестартира во вторник, а безоловните бензини 95 и 98 октански ќе беше поголем за 1,5 до 2 денари. Со ова намалување исто така ние имаме практично цена којашто ќе бидат минусирани 4 денари кај дизелот за литар, односно 2 денари кај безоловните бензини 95 и 98 октански“,
рече премиерот.
Тој, исто така, соопшти дека претпладнево Владата имала долга дискусија и преговори со снабдувачот „ОКТА“, од каде се согласиле својот попуст до трговците со нафтени деривати да го продолжат до крајот на месец април.
Исто така дозволете ми да ја информирам македонската јавност дека во текот на претпладневните часови имавме долга дискусија и преговори со „ОКТА“. Тие својот попуст ќе го продолжат до крајот на месец април
„Ова значи дека што значи дека за дизелот во овој момент имаме попуст од 3 денари по литар, а за безоловните бензини од 95 и 98 октани ќе имаме дополнителни 2 денари за литар, или кога сето ова ќе се собере или сето ова ќе се изанализира тогаш доаѓаме до цена којашто за дизелот ќе биде иста како и до сега. Практично доколку се калкулира попустот од 4 денари за акцизата и 3 денари коишто го добиваме од „ОКТА“, така што оние 7 денари потенцијално зголемување по литар ги амортизираме, додека пак кај безоловните бензини 95 и 98 октански покрај оние 2 денари акциза по литар ќе имаме дополнителни 2 денари по литар намалување, односно ќе бидеме во минус од цената којашто беше во изминатиов регулиран период, односно изминатата недела. Со ова уште еднаш покажуваме дека се грижиме за стандардот на граѓаните и дека тој ни е најважен приоритет во овој момент“,
кажа премиерот.
Мицкоски информира и дека минатата недела конзумот, односно потрошувачката на нафтени деривати во земјава достигнала рекордни два милиони литри на ден, а тоа како што наведе, во дел се должи на притисокот од дел од земјите од соседството, чии граѓани доаѓаат да полнат гориво на бензинските пумпи во Македонија.
„Имаме жесток притисок на северната, јужната и западната граница, каде што потрошувалката на одредени бензински пумпи е и триплирана, што значи дека граѓаните на соседните држави доаѓаат кај нас да ги полнат своите резервоари и да ги користат услугите на бензинските пумпи“,
рече Мицкоски.
Сепка, и покрај ваквата ситуација, премиерот рече дека анализите покажуваат дека нема потреба од било какви ограничувања, бидејќи во разговор со трговците и со снабдувачот добил уверување дека нема опасност да бидат загрозени домашните потрошувачи и покрај зголемиот конзум од еден и пол милион литри на ден на два милиони литри за 24 часа.
„Се надевам дека и така и ќе остане, односно се надевам дека сето ова што се случува во Заливот ќе престане и дека состојбата во светот ќе се нормализира, односно режимот во Иран ќе престане да ја опструира природното право на трговија на земјите од заливот и навремено снабдување на останатите потрошувачи со нафтата и нафтените деривати од заливот“,
кажа Мицкоски.

Според него, државата до овој момент со ситуацијата се справува на начин како што очекуваат граѓаните, дека не дејствува реактивно, туку проактивно. Предзвици рече има на дневна основа и тие се решаваат, а доколку дојде до ситуација тие да бидат од поголеми размери, тогаш ќе се носат уште поинкави мерки.
Мицкоски наведе дека како Влада имаат план и уверува дека нема во овој момент нема потреба од загриженост кај граѓаните.
рече премиерот.
„Ние сме тие коишто рефлектираат стабилност, количините се обезбедени, не треба граѓаните и бизнисот да стравуваат од количини на нафта и нафтени деривати, односно дизел гориво и безоловните бензини, така што во овој момент состојбата е стабилна, планот е јасен, имаме стратегија и продолжуваме со таа стратегија“,
На крајот од своето обраѓање тој упати порака дека нема да дозволат товарот од глобалната криза да падне врз плеќите на граѓаните.
„Свесни сме дека цената на горивата не е само бројка на бензинска пумпа. Таа е дел од секој производ, од секоја услуга, од секој трошок во едно домаќинство. Таа влијае на транспортот, на храната, на економијата во целина. Затоа нашата реакција е навремена, одмерена и насочена кон заштита на стандардот. Ова не е првпат да се соочуваме со предизвици. И нема да биде последен. Но, секој пат кога сме биле ставени на испит, сме покажале дека знаеме да носиме одлуки во интерес на граѓаните. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата. Во постојана координација сме со сите релевантни институции, со енергетскиот сектор, со стопанството. Подготвени сме да преземеме и дополнителни мерки доколку тоа биде потребно“,
подвлече Мицкоски.
