Министерот за образование Арбр Адеми, на Фејсбук објави дека Владата на денешната 136-та седница, ја донела Програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, која дава основ Министерството да објави конкурс за уметнички стипендии од областа на музиката.
„Со оваа измена на Програмата се отвара можноста за аплицирање за стипендија за Александар Иванов, кој е примен на „The Juilliard School“ во Њу Јорк, САД, а за кого веќе пишуваа нашите медиуми.
Министерството за образование и наука и понатака ќе продолжи со давање поддршка на талентитани и надарени ученици, кои се иднината на нашата држава и наши амбасадори во светот“, напиша Адеми.
„360 Степени“ вчера објави сторија за Александар, која можете да ја погледнете од видеото погоре.