На состанокот се разговарало и за барањето кое се однесува на финансирањето на образованието, детската и социјална заштита и противпожарната заштита, како и за барањата во сферата на урбанистичкото планирање, градење и градежно земјиште, енергетската ефикасност на општините, како и унапредување на системот за наплата на данокот на имот
Претсемиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за финансии, за еконоија и за локална самоупраа, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски денеска одржаа состанок со делегација на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), предводена од претседателката и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

„На состанокот се дискутираше за повеќе отворени прашања како интензивирањето на постапката за формирање на работната група за продолжување на процесот на децентрализација како и за моделот на финансирање на локалната самоуправа. Дискусијата се однесуваше и на фискалната децентрализација со која се предвидува зголемување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на приходите, но и зајакнување на финансиската дисциплина на општините со цел намалување на долговите и домаќинско работење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста“,
соопштија од владината прес-служба.


На состанокот се разговарало и за барањето кое се однесува на финансирањето на образованието, детската и социјална заштита и противпожарната заштита, како и за барањата во сферата на урбанистичкото планирање, градење и градежно земјиште, енергетската ефикасност на општините, како и унапредување на системот за наплата на данокот на имот.
Од Владата велат дека дијалогот за изнаоѓање најсоодветни решенија во решавањето на прашањата кои ги засегаат граѓаните на локално ниво продолжуваат.