Да се најде начин украинските возила кои влегуваат во земјава и не поседуваат зелен картон да може да влезат и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите.
Вакво задолжение доби вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР) од Владата и предлогот треба да го достави во рок од два дена.
Предлогот, како што соопштија од владината прес-служба, МВР треба да го изработи во координација со Министерството за финансии и во соработка со Националното биро за осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании.