Владата на синоќешната седница го усвоила предлог-буџетот за наредната година, како и предлог-законот за извршување на буџетот за 2021 година, соопштија од прес-службата.

Тие ќе бидат доставени до Собранието, каде што ќе треба и да се усвојат, а од Владата најавуваат дека наскоро ќе соопштат детали и во јавноста за тоа што е предвидено во буџетот за наредната година.
Од буџетот од оваа година, пак, на вчерашната седница е одлучено да се доделат неповратни 135 милиони денари (околу 2,2 милиони евра) на ЈСП „Скопје“ за да се справи со финансиските последици предизвикани од кризата со коронавирусот.
Исто така, пари ѝ се доделени и на Општина Кичево, која ќе добие 77 милиони денари (1,2 милион евра) за реконструкција на општинската зградата. Општината има обврска да достави и извештај до Владата откако ќе ги заврши активностите со реконструкцијата.
