Владата го разгледала и прифатила усогласениот договор со грчката Владата за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија, соопштија од прес-службата.
Договорот во името на Владата ќе го потпише министерот за економија Крешник Бектеши.
„Договорот ќе овозможи гасно поврзување на Централна и на Југоисточна Европа со цел унапредување на диверзитетот и конкурентноста на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот. Овие цели ќе се обезбедат и по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, како и преку обезбедување на потребните количества на природен гас за сите потрошувачи во регионот на Централна и на Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Северна Македонија“,
велат од Владата.
