Освен за евроинтеграциите, премиерот зборувал и за предизвиците на внатрешен план, при што изразил надеж и за ефикасна работа на парламентот во наредниот период
Владата е политички стабилна. Очекувам рационалност од опозицијата и ефикасна работа на парламентот во следниот период, со цел натамошен развој на државата на политички и економски план, нагласил премиерот Зоран Заев, на денешниот состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија, акредитирани во земји – членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО.
На тематскиот работен состанок, организиран од Министерството за надворешни работи, како што соопштија од Владата, е направен осврт на годишнината од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и е разговарано за европските перспективи, во пресрет на Советот на ЕУ во јуни 2021 година.

Во рамки на чекорите во овие процеси, дискутирано е за можностите за остварувањето на клучните стратешки надворешно-политички приоритети на Република Северна Македонија, по зачленувањето во НАТО, а во контекст на ероинтеграцискиот процес.
„Остануваме стопроцентно посветени кон ЕУ и на градењето пријателства, низ политиките на дијалог, добрососедство и разбирање, како и на домашните реформски процеси, во насока на заслужените придвижувања на Северна Македонија на полето на евроинтеграциите, по успешното членство во НАТО, а при тоа зачувувајќи го дигнитетот на македонскиот јазик и македонскиот народ“,.
изавил Заев
На средбата, како што информираа од Владата, е нагласено значењето на успешно спроведување на пописот, како граѓанска одговорност на сите, утврдена со закон, со цел придонес во создавањето можности за креирањето ефикасни јавни политики за развој на државата.Заев зборувал и за здравствената ситуација во државата, при што рекол дека Влада ги презема сите потребни и можни чекори во заштитата на јавното здравје и во справувањето со последиците од пандемијата.