Владата на денешната седница организирала расправа со цел да се одблокира потпишувањето на договорот со Светска Банка за заем во висина од 90 милиони евра од страна на дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
„На расправата која како гостин учествуваше и претставничката на нашата земја во Светска Банка Нина Фити-Неделковска, која објасни дека одолговлекувањето на потпишувањето на договорот ја става во ризик долгодишната соработка меѓу банката и нашата земја, особено во делот на исклучително доброто искуство во финансиската поддршка на социјалните и општествено одговорните политики во последните неколку години“
се вели во соопштението.
Од Владата посочиле дека средствата се наменети за зајакнување на здравствените капацитети за справување со ковид-19 и за намалување на економските последици.
Но, бидејќи немало компромис донесен е заклучок да биде побарано мислење од Државната изборна комисија за како што велат, „опструкциите во работењето на Владата“.
„Со оваа своја постапка, да одбие да го потпише договорот за заемот од Светска Банка, дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги доведува во сериозен ризик реализацијата на овие иницијативи за зајакнување на здравството и за поддршката на социјално ранливите категории граѓани, сега посебно погодени од кризата, и во таа насока е донесен заклучок да биде побарано мислење од Државната изборна комисија за оваа опструкција во работењето на Владата од аспект на членовите од Законот за Влада кои се однесуваат на изборот и на работењето на техничката, односно преодната влада“,
се вели во владиното соопштение.
