Денеска, како што рече, ќе имаат состанок на оваа тема за да се види инпутот и врз основа на тоа ќе се знае дали има потреба од мерки

Владата ќе испитува дали најавите за зголемување на цената на лебот се оправдани, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Денеска, како што рече, ќе имаат состанок на оваа тема за да се види инпутот и врз основа на тоа ќе се знае дали има потреба од мерки.
„Ја анализираме состојбата и денеска во текот на денот ќе имаме состaнок на оваа тема. Ќе ги видиме инпутот и дали врз основа на она што тие го декларираат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку има потреба, ќе кажеме да, има потреба и ќе преземеме мерки, а доколку нема потреба – тогаш тие што девијантно и непазарно се однесуваат ќе бидат изречени глоби“,
рече Мицкоски.
Изминатите денови дел од пекарниците најавија дека ќе има зголемување на цената на лебот, што доаѓа како резултат на повисoките цени на горивата.
