Вкупно 3 032 македонски државјани досега се вратени во земјава, кои поради мерките против коронавирусот „заглавија“ во странство, информираат од Владата.
„По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање на авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, до вчера во организација на МНР е направена репатријација на 3 032 наши државјани“,
се вели во соопштението на Владата.
Оттаму посочуваат дека во соработка со надлежните власти на другите држави, Владата ќе продолжи и со помагање при индивидуални дозволи за транзитирање таму каде што условите тоа го дозволуваат.
Инаку, сите повратници од странство имаат обврска по враќањето во земјава да останат две недели во државен карантин, како превенција од ширењето на ковид-19.