Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација, додека ЈП за државни патишта доби задолжение во рок од една недела да предложи пет члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер за изведба на работите, како и да номинира членови на тимот на проектната единица
Владата денеска ја усвои Информацијата на Комитетот за преговори за склучување договор за градење на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола), којашто на својата прва седница ја усвои Изјавата дека станува за проекти од национален интерес.
Согласно оваа информација за забрзување на постапката за договор за утврдените проекти на Коридорот 8, Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација, додека ЈП за државни патишта доби задолжение во рок од една недела да предложи пет члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер за изведба на работите, како и да номинира членови на тимот на проектната единица.
