Парите ќе им бидат испатени за да се надополни изгубениот месечен прихох во овие 21 ден кога беа затворени, со дополнителни 30% и плус по 15 200 денари за секој вработен
Вкупно 2 204 компании од угостителската дејност, коишто беа затворени 21 ден (во периодот од 6-до 27 април) ќе добијат поддршка од државата. Ова денеска го одлучи Владата на седница.
Од прес- службата соопштија дека на отворениот повик за финансиска поддршка пристигнале 2 406 апликации, од кои 2 204 се целосни, додека 202 апликанти, не се со соодветна шифра на дејност, или имале регистрирано подружници под една од споменатите шифри.
Вкупната поддршка на сите компании, врз основа на просечниот месечен приход за 2019 и 2020 година, на кој се аплицира износ од 30 % помножен со бројот на денови во кои овие компании беа затворени во април оваа година, изнесува околу 3 милиони евра, а дополнително, секоја од компаниите добива и поддршка по 15 200 денари за секој вработен според ефективните работни часови.
Од апликациите е утврдено дека станува збор за 11 236 вработени, односно по овој основ компаниите ќе бидат поддржани со околу 2,78 милиони евра.
Односно вкупната финансиска поддршка за сите 2 204 компании ќе биде 5,77 милиони евра.
