Од Антикорупциската комисија најавија дека ќе испитуваат дали функционерите со двојни функции земаат две плати
Премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието, соопштија попладнево од Владата, откако претседадателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска денеска рече дека ќе се испитува дали со двојните функции, овие функционери земаат и две плати.
„Добив дека не земаат две плати, меѓутоа не сум уверена во тоа, бидејќи ги немам написмено добиено. Но, ќе ги обезбедиме и тие информации“,
изјави денеска Ивановска.
Во моментов неколку министри од актуелната влада се пратеници, како премиерот Оливер Спасовски, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, вицепремиерската за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми.
