Владата донесе одлука за продолжување на мерката за субвенции на исплата на плати.
Со измените на Уредбата, фирмите ќе можат да аплицираат за државна помош од 14 500 за исплата на плати и за јуни.
„Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата за финансиска поддршка од 14 500 денари за исплата на платите и за месец јуни, согласно критериумите и измените и дополнувањата на оваа уредба“,
се вели во владиното соопштение.
Измените претходно ги најави министерката за финансии Нина Ангеловкса, која рече дека со продолжувањето ќе им се даде поголема флексибилност на сите оние кои во третиот месец имаат тешкотии и поголеми падови на приходите од 30 отсто.
