На состанокот, како што информираат од Влада било најавено и дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на дефинирање на моделот за плати
Во Владата продолжи дијалогот помеѓу синдикатите и претставници на Владата за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата. Претставниците на синдикатите се сретнаа со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, информираат од владината прес-служба.
Вицепремиерот Битиќи на почетокот на состанокот посочил дека дијалогот во никој случај не е прекинат.
„Преговорите во последниот период се водеа по гранковите синдикати и надлежните Министерства како и дека Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација“,
информираат од Влада.
На состанокот, како што информираат од Влада било најавено и дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на дефинирање на моделот за плати кој ќе осигурува раст на платите на долг рок но и методологија која ќе ја следи продуктивноста на вработените.