Според статистиката на МВР, во изминатото деноноќие, 49 лица не ја почитувале забраната за движење на ниво на целата држава.
Од нив, приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
