Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 830 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Според извештаите на болниците, кои дневно пристигнуваат во Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 56 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид-центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 11, а во Дебар 10 позитивни и сомнителни на коронавирусот.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1 340 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите“,
соопшти Министерството за здравство напоменувајќи дека бројките за приеми се менуваат од час во час, а во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство информира дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.