Во последново деноноќие во Скопје се хоспитализирани нови 59 ковид-пациенти, информира Министерството за здравство. Во моментов во земјава, вкупно 1 165 пациенти позитивни на ковид се лекуваат во болниците, а од нив 473 лица се во главниот град, додека пак останатите 692 лица во ковид-центрите низ државата.
„Во ковид-центарот во ГОБ ‘8 Септември’ имало 19 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за Детски болести имало 8 приеми. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти“,
велат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 58 ковид-пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 25, Кавадарци 30, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 165 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород“,
велат од Министерството.
