Бројот на хоспитализирани поради ковид се намалува, во последното деноноќие се пријавени 1 085 пациенти кои се лекуваат во болничките капацитети низ земјава. Од нив 617 се низ болниците во внатрешноста, а 468 лица се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје.
Во последните 24 часа само во Скопје се примени 22 нови пациенти со компликации од ковид.
„Во ГОБ ‘8 Септември’ има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“,
информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти, во Штип се 59, во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
„Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 55, во Гостивар 18, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 30, во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 085 и има околу 757 празни болнички кревети во ковид-центрите“,
велат од Министерството.