Вечерва се одржува и вонредна седница на косовскиот парламент на која се очекува пратениците да гласаат за новата влада. Пред да ги предложи имињата на министрите, се очекува Курти да ја презентира владината програма пред пратениците
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, вечерва му го додели мандатот за формирање нова влада на досегашниот премиер и лидер на движењето Самоопределување, Албин Курти.

„Согласно со Уставот на Косово, го назначив Албин Курти за мандатар за формирање на владата на Република Косово. Му посакувам успех во водењето на новата влада и во работењето во служба на граѓаните Среќно!“,
напиша Османи во објава на Фејсбук.
Потегот следува откако претходно денеска беше конституиран парламентот на Косово, а за негова претседателка беше избрана Албуљена Хаџију од Самоопределување.
Покрај конститутивната седница, вечерва се одржува и вонредна седница на косовскиот парламент на која се очекува пратениците да гласаат за новата влада. Пред да ги предложи имињата на министрите, се очекува Курти да ја презентира владината програма пред пратениците.
