Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (14 мај 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
– по најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за воведување дигитална алатка со која при повик од жртва на семејно насилство полицијата ќе може да ги преземе аудио и видеосигналот од телефонот – институции и експерти повикуваат на внимателност;
– дали Здравство ќе ги тргне ограничувачките одредби од техничката спецификација на тендерот за сто амбулантни возила: „сè што има логика, сè што е за подобрување на техничката спецификација, би било ненормално да не се прифати“, вели министерот Азир Алиу;
– Државниот универзитет во Тетово влезе во битка со наодите на Државниот просветен инспекторат дека при изборот на Арбреша Беџети-Ферати за редовна професорка на тамошниот Медицински факултет се прекршени најмалку 15 законски и статутарни одредби;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
