Вицепремиерот Маричиќ ќе ја искористи посетата на Брисел за да се сретне и со Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, а ќе ја посети и Партијата на европските социјалисти
Вицепремиерот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска и утре ќе биде во официјална посета на Брисел, каде што со претставници на Европскиот парламент (ЕП) и на Европската комисија (ЕК) ќе разговара за процесот на европска интеграција на Северна Македонија и актуелните настани во регионот во пресрет на одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство.
Како што информира прес-службата на Маричиќ, за утре е предвиден брифинг на Работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој вицепремиерот ќе информира за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со Европската Унија, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на Европската комисија за Северна Македонија, Марк Јорна.
Посетата на Брисел, вицепремиерот Маричиќ ќе ја искористи да се сретне и со Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, а ќе ја посети и Партијата на европските социјалисти.