Тие групи ги вклучуваат лица постари од 60 години, имунокомпромитирани луѓе, оние со веќе постоечки здравствени проблеми, жители и персонал во установи за долгорочна нега, како и бремени жени
Претставници на ЕУ денеска препорачаа две вакцини прилагодени на подваријантата омикрон, кои неодамна се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), да се користат кај лица со висок ризик.
Вакцините се развиени од Модерна и тим научници од Фајзер и БиоНТек, а се работи за таканаречена бивалентна вакцина против БА.1 варијантата на омикрон и против оригиналниот коронавирус, првпат откриен во Кина.
Одобрувањето од ЕМА дозволува употреба на овие адаптирани вакцини за лица на возраст од 12 години и постари, но препораките се тие предност да добијат лцата со најголем ризик од развој на тешки форми на болеста.
Тие групи ги вклучуваат лица постари од 60 години, имунокомпромитирани луѓе, оние со веќе постоечки здравствени проблеми, жители и персонал во установи за долгорочна нега, како и бремени жени.
Кандидати за вакцинација со новата адаптирана вакцина се и здравствените работници, со оглед на тоа што за повеќето помина доста време откако ја примија последната доза.
Иако оригиналните вакцини против коронавирус сè уште обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, нивната ефикасност постепено се намалува како што вирусот се развиваше.
Photo: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ
