Од денеска државата влегува во портоколова фаза и се очекува температурата да достигна до 40 степени. Според предвидувањето на метеоролозите, во Скопје времето ќе биде сончево со максимална температура до 38 степени.
Поради тоа, Владата на вчерашната седница донесе препораки за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните лица.
Владата побара и од работодавците да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.
Препораки се донесени и за работата на градинките. Се однесуваат на физичката активност на децата и се препорачува тие да излегуваат надвор од 11 до 17 часот.
Црвениот крст на Град Скопје, пак, најавува дека 30 обучени волонтери ќе патролираат на најфрекфентните локации во градот. Ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат и мерење на крвиот притисок на сите оние кои ќе се пожалат на здравствени проблеми.
Топлото време ќе продолжи до крајот на неделава, а според УХМР, во недела кон крајот на денот ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.