Руските сили кои напредуваат од североисток пак, се на околу 40 километри од градот
Руските сили во изминатите 24 часа напредувале пет километри во правец на главниот украински град Киев, вели висок претставник на американската одбрана, пренесе Би-би-си.
Тоа значи дека руските трупи кои напредуваат од северозападниот дел на главниот град сега се на само 15 километри од центарот на градот, изјавил тој за новинарите.
Руските сили кои напредуваат од североисток пак, се на околу 40 километри од градот, додаде официјалниот претставник.

Според истиот извор, северниот град Чернихив сега е „изолиран“.
Официјалниот претставник, исто така, рече дека руските сили истрелале 775 проектили од „сите видови“ од почетокот на нивната инвазија на Украина.