„Вонистражниот совет на Вишиот суд во Нови Сад, одлучувајќи по жалбите на Вишото јавно обвинителство и на бранителот на осомничениот, му го прекина притворот на осомничениот Горан Весиќ, утврдувајќи дека од наредбата за спроведување на истрагата, како и од докази доставени од Вишото јавно обвинителство Нови Сад во списите на предметот, засега не постои основано сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, што е неопходен услов за секое лице да биде приведено“, велат од судот
Укинат му е притворот на Горан Весиќ, поранешниот српски министер за градежништво, неофицијално објави „Нова.рс“.
Горан Весиќ беше уапсен минатата недела поради падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени.
По рочиштето му беше одредена мерка притвор до 30 дена, а вчера тој беше примен во болница бидејќи штрајкуваше со глад.
За пуштањето на Весиќ на слобода, се огласил и Вишиот суд во Нови Сад.
„Вонистражниот совет на Вишиот суд во Нови Сад, одлучувајќи по жалбите на Вишото јавно обвинителство и на бранителот на осомничениот, му го прекина притворот на осомничениот Горан Весиќ, утврдувајќи дека од наредбата за спроведување на истрагата, како и од докази доставени од Вишото јавно обвинителство Нови Сад во списите на предметот, засега не постои основано сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност од чл. 288 ул. 2 од КЗ во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност од чл. 278 ул. 3 во врска со ст. 2 од КЗ, што е неопходен услов за секое лице да биде приведено. Имајќи предвид дека јавниот обвинител за неговите тврдења изнесени во наредбата за спроведување на истрагата не достави докази што укажуваат на постоење на основано сомневање, мнозинството е на мислење дека во овој момент не постои основано сомнение за постоење на причинско-последична врска меѓу дејствијата опишани од обвинителот и пропустите на осомничениот Горан Весиќ со последиците“,
се наведува во соопштението на судот.
Оттаму додаваат дека прекинувањето на притворот на Весиќ не влијае на понатамошната истрага и дека е издадена наредба тој веданш да биде пуштен на слобода.
Во врска со несреќата во Нови Сад, во притвор се уште 11 лица. Вишиот суд во Нови Сад на 23 ноември му одреди 30-дневен притвор на Весиќ, како и на поранешниот директор на „Железничка инфраструктура на Србија“, Небојша Шурлан.
Куќен притвор со електронски мониторинг добија поранешната в.д. директорка на „Железничка инфраструктура“, Јелена Танасковиќ, како и помошник-министерката за железнички транспорт Анита Димовски.