Општина Виница покрена иницијатива за собирање хуманитарна помош за украинскиот град Винница со кого е збратимена од 2013 година. Акцијата почнува в понеделник (21 март) и ќе трае до крајот на месецот (31 март). Хуманитарна акција е во дослух со украинска Винница, како и со Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“.

„Во овие тешки времиња за Украина и украинскиот народ, покренуваме иницијатива со цел испраќање на помош за украинска Винница, со која општина Виница е збратимена од 2013 година. Ги повикувам граѓаните на Виница и компаниите кои работат на територијата на општина Виница да помогнат на градот Винница со хуманитарни донации“,
вели градоначалникот Миле Петков, кој на Фејсбук објави и список на потребна помош.